Gülbin Yıldırım,Övünç Kutlu
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Познатата меѓународна кредитна агенција „Стандард енд Пурс“ (Standard and Poor's) го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција од „негативен“ на „стабилен“ и ја потврди оцената „ВВ“.
Во соопштението на кредитната агенција се наведува дека долгорочниот кредитен рејтинг е „стабилен“ поради отпорот на турската економија на регионалните и внатрешни ризици од секој вид.
„Ревидираниот рејтинг ги одразува напорите на креаторите на внатрешните и регионалните политики во насока на понатамошен развој", се вели во соопштението.