Selçuk Acar
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ЊУЈОРК (АА) – Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Бан Ки-мун, остро ги осуди терористичките напади во Џеда, Медина и Катиф, јавува Anadolu Agency (AA).
Осудата за нападите во Саудиска Арабија од 4-ти јули од страна на Бан Ки-мун беа истакнати во изјавата од страна на портпаролот на генералниот секретар на ОН.
Како што се вели во изјавата, организирањето на нападите на крајот од светиот месец Рамазан, токму кога верниците се подготвуваат за чествувањето на големиот празник, ги чини истите уште „поподмолни”.
Генералниот секретар на ОН, во изјавата ја изразува своето длабоко жалење за загинатите и изрази сочуство на нивните семејства, Владата на Саудиска Арабија и сиот народ, и им посакува побрзо заздравување на ранетите.
Меѓу другото, Мун во својата изјава ја изразува надежта за брзо пронаоѓање на виновниците за нападите и нивно предавање пред лицето на правдата, патем апелирајќи за потребата од засилување на напорите за превенција и справување со тероризмот на меѓународно ниво.