Ahmet Dursun
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот верски лидер, ајатола Али Хамнеи, ги обвини САД, Велика Британија и Израел дека стојат зад терористичките напади кои во текот на Рамазан се случија во Истанбул, Багдад и Бангладеш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Муслиманите во Иран денеска го обележуваат првиот ден на Рамзазан Бајрам, а централната бајрамска свеченост беше одржана во техеранската Голема џамија.
Иранската новинска агенција ИРНА, јавува дека ајатола Хамнеи во текот на бајрамската хутба (порака) најостро ги осудил неодамнешните терористички напади, во кои стотици невини луѓе беа убиени во Истанбул, Багдад и Бангладеш.
„За жал, муслинаните се оние кои и овој Бајрам го дочекаа во тага поради терористите кои со лажна слика сакаат да ја претстават исламот. Тие терористички напади се последица на политиката на САД, Велика Британија, израелскиот ционистички режим и нивните разузнавачки служби кои ги подготвуваат терористите", изјави ајатолахот Хамнеи.
Јавноста во Иран изминатите неколку дена дебатираше околу енормното зголемување на платите на високите државни службеници, а и ајатола Хамнеи утрово ја критикуваше државната администрација поради „астрономски високите" плати.
„Тоа е нелегално и нелигитимно. Тие плати се грев и срамота за револуционерните вредности на Иран. Мора да се пронајдат одговорните и да бидат казнат, а сите пари кои ги добиле прекумерно, да ѝ бидат вратени на државата", рече Хамнеи.