Dejan Maksimoviç
21 Јули 2018•Ажурирај: 22 Јули 2018
МИЛАН (АА) - Според наводите на италијанските медиуми, Карим Бензема, долгогодишниот фудбалер на Реал Мадрид, договори услови за премин во Милан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Медиумите тврдат дека на почетокот на неделата, посредникот Лудовик Фатизо, претставниците на Бензема, тренерот Џенаро Гатузо и спортскиот директор Масимилиано Мирабели се состанале во „Миланело“, спортскиот центар на Милан. Наводно Бензема ја прифатил понудата на Милан, со која вчера, со одлуката на Арбитражниот суд за спорт е овозможено да ја игра Лигата на Европа, без оглед на претходната одлука на Европската фудбалска федерација за исфрлање на славниот клуб од натпреварот поради кршење на финансискиот фер плеј.
Наводно Милан на Бензема му ја ветил истата плата како во Реал, а тоа се 9 милиони евра годишно и Договор до 2022 година. Со оглед на тоа што Французинот има 30 години, се работи за многу занесна понуда. Но, Бензема со Реал има Договор до 2021 година, па одлуката за неговиот премин во Милано е во рацете на претседателот на клубот, Флорентино Перез.
Бензема ја започна кариерата во Олимпик од родниот град Лион. Во Реал премина во 2009 година и оттогаш за „кралскиот клуб“ одигра 413 натпревари и постигна 192 гола. Во дресот на репрезентацијата на Франција запиша 81 настап со 27 гола.