Fatih Erel
02 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Релито „Дакар 2020“ ќе започне во Саудиска Арабија в недела, пишува Агенција Анадолија (АА).
На 42. издание на најтешката светска трка ќе земат учество 400 натпреварувачи кои ќе ја почнат трката во Џеда.
Речиси три четвртини од трката ќе се возат на песок.
Натпреварувачите ќе мора да навигираат низ патека долга речиси 7.500 километри.
Возачите ќе се натпреваруваат во пет категории - автомобили, мотоцикли, камиони, четвороцикли и УТВ-возила (utility task vehicle) во 12-дневната трка.