Ekipa
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Белгиските власти објавија дека притвориле 13 лица поради испитување во врска со истрагата за местење мечеви во професионалниот тенис, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сојузното обвинителство истакна дека денес е извршен 21 претрес, претежно во Брисел. Обвинителството смета дека белгиско-ерменска криминална група од 2014 година се обидува да ги намести мечевите на „Futures“ (Фјучерс) и „Challenger“ (Челинџер) турнирите, на кои само неколку камери ги снимаат дуелите.
Властите не ги именуваа играчите за кои постои сомнение дека учествувале во местење на тениските мечеви.