Mutlu Demirtaştan
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
МАДРИД (АА) - Шпанскиот фудбалски тим Еспањол во следните две години од клупата ќе го води шпанскиот стручњак Руби, јавува Anadolu Agency (AA).
Еспањол минатата сезона заврши на 11. место во шпанската Ла Лига, а тренерот Кике Санчез Флорес го напушти тимот три кола пред крајот на сезоната.
Управата на каталонскиот тим Еспањол денес соопшти дека потпишала двогодишен договор со 48-годишниот Руби.
Жоан Францеск Ферер, попознат како Руби веќе беше во Еспањол. Тој во периодот од 2005 до 2008 година го предводеше тимот Б.
Иако млад фудбалски стручњак, Руби во кариерата водеше седум шпански клубови, меѓу кои и Жирона, Ваљадолид, Левант и Спортинг Хихон, а минатата сезона со тимот на Хуеска се избори за влез во Ла Лига.