Ömer Tuğrul Çam
10 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
БРИСЕЛ
Конвојот со возила, кој тргна да протестира против ограничувањата поради Ковид-19, по Париз, беше забранет и во Брисел, главниот град на Белгија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инспирирани од конвојот на возачите на камиони во Отава, главниот град на Канада, приватните возила и возачите на камиони кои тргнаа да протестираат против ограничувањата поради Ковид-19, имаа за цел викендот да пристигнат во Париз, а потоа на почетокот на следната недела да влезат во Брисел со оние конвои кои ќе пристигнат од другите европски градови.
Претставници на белгиската Федерална влада и локалната власт на главниот град Брисел истакнаа дека нема да бидат дозволени демонстрации во градот каде што се наоѓаат институциите на Европската Унија и НАТО.
Во соопштението на властите се наведува дека нема барање за дозвола за демонстрациите и дека ќе се спроведат контроли на патиштата и границите за да се спречи доаѓањето на конвојот во Брисел.
Во Отава, камионџиите, акцијата против вакцинирањето ја започнаа на 29 јануари, а животите на жителите на градот беа негативно погодени поради камионите паркирани на главните сообраќајници во градот.
Сирените на камионите кои ги малтретираа жителите на градот беа стопирани со судска одлука.
Во последните денови слични повици за акција беа упатени и во европските земји, особено на социјалните мрежи.
Се планираше конвоите од возила и камиони од различни европски градови да се сретнат во Брисел.