Fatih Erel
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
МЕЛБУРН (АА) - Лукас Пуј и Новак Ѓоковиќ изборија пласман во полуфиналето на тенискиот Грен слем турнир во Австралија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како најпријатно изненадување на Австралијан Опен (Australian Open), францускиот тенисер Пуј утрово во четвртфиналето, со резултат 3 : 1 во сетови, го победи канадскиот колега Милош Раониќ.
Пуј е рангиран како 28. носител на турнирот во Мелбурн, а избори пласман во првото Грен слем полуфинале во кариерата.

Противник на 24-годишниот Пуј во полуфиналето ќе му биде првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тениски ас Ѓоковиќ во денешното четвртфинале играше против Јапонецот Кеи Нишикори.
Јапонскиот тенисер поради повреда го предаде мечот веќе во вториот сет по резултат 6 : 1 и 4 : 1 во корист на Ѓоковиќ.
Втората полуфинална двојка на Австралијан Опен се Рафаел Надал и Стефанос Циципас.