Hüseyin Burak Demirer
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
АНКАРА (АА) – Реванш-натпреварите од 3. квалификациско коло во Лигата на шампиони на УЕФА ќе се одиграат утре и в среда, 2 и 3 август, јавува Anadolu Agency (AA).
На клупско ниво, на најважниот турнир во европскиот фудбал ќе бидат утврдени тимовите што ќе учествуваат во последното квалификациско коло за квалификување во групите.
Фенербахче, еден од тимовите што на турнирот ја претставува Турција, на домашен терен го победи францускиот тим Монако со 2-1, а за реваншот ќе се сретнат во Монако. Дуелот на стадионот Луј II ќе започне в среда, 3 август, во 20.45 часот.
Турскиот судија Хусеин Ѓочек ќе биде главен судија на натпреварот меѓу тимот Карабах од Азербејџан и тимот-претставник на Република Чешка, Викторија Плзењ. Реванш-натпреварите од 3. квалификациско коло во Лигата на шампиони на УЕФА се со следниот распоред:
Утре:
18:30 Карабах (Азербејџан) - Викторија Плзељ (Чешка) (0-0)
19:00 АПОЕЛ (Кипар) - Розенборг (Норвешка) (1-2)
19:00 Динамо Тбилиси (Грузија) - Динамо Загреб (Хрватска) (0-2)
20:30 Црвена ѕвезда (Србија) - Лудогорец (Бугарија) (2-2)
21:00 Дундалг (Ирска) - Бате Борисов (Белорусија) (0-1)
среда, 3 август
19:45 Стеуа Букурешт (Романија) - Спарта Прага (Чешка) (1-1)
19:45 Копенхаген (Данска) - Астра (Романија) (1-1)
20:00 Хапоел Бир Шева (Израел) - Олимпијакос (Грција) (0-0)
20:15 Јанг Бојс (Швајцарија) - Шахтјор (Украина) (0-2)
20:30 Ред Бул Салцбург (Австрија) - Партизани (Албанија) (1-0)
20:30 ПАОК (Грција) - Ајакс (Холандија) (1-1)
20:45 Монако (Франција) - Фенербахче (Турција) (1-2)
20:45 Легија Варшава (Полска) - Тренчин (Словачка) (1-0)
20:45 Селтик (Шкотска) - Астана (Казахстан) (1-1)
20:45 Андерлехт (Белгија) - Ростов (Русија) (2-2)