Alma Çekovic
30 Август 2017•Ажурирај: 30 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Лондонскиот ФК Арсенал ја одби понудата на Манчестер Сити од речиси 54 милиони евра за чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез, јавуваат британските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
На дваесет и осумгодишниот фудбалер, кој во минатата сезона постигна 24 погодоци во лигата, наредното лето му истекува договорот и веќе му кажа на Арсен Венгер дека сака да го напушти Арсенал.
Арсенал одби неколку понуди за Санчез, но сега се отворени за преговори доколку освен пари, од Сити го добијат и Рахим Стерлинг. Меѓутоа, како што дознава „BBC“ (Би-би-си), менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, сака тансферот да го заврши без размена на играчи.
„BBC“ јавува дека Стерлинг е отворен за премин во Арсенал, доколку клубовите успеат да се договорот околу отштетата.