Emre Aşıkçı
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
В недела, на Меѓународната патека во Бахреин ќе се одржи 16. трка на Големата награда во сезоната на Формула 1 во 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда во 87 круга ќе се вози на Меѓународната патека на Бахреин долга 3,5 километри, којашто се наоѓа во пустинскиот регион Сакир, 30 километри од главниот град Манама.
Џорџ Расел од Мерцедес ќе го замени Луис Хамилтон во Бахреин, бидејќи седумкратниот шампион е заразен со коронавирусот.
Дваесет и двегодишниот британски возач, кој минатата година дебитира во Формула 1 со Вилијамс, сè уште нема освоено бод, завршувајќи еднаш на 11. место, еднаш 12-ти оваа сезона.

На 15 ноември Хамилтон ја освои титулата во Формула 1 за 2020 во Големата награда на Турција, пласирајќи се на првото место на Интерсити Истанбул парк. Тој го надмина рекордот од 91 победа на легендарниот Михаел Шумахер и во моментов има 95 победи.
Хамилтон забележа 11 победи, а по него се неговиот сотимец Валтери Ботас (2), Макс Ферштапен од Ред Бул-Хонда (1) и Пјер Гасли (1) од АлфаТаури-Хонда пред ова Гран-при.
Квалификациската трка ќе започне во 17:00 часот ГМТ в сабота, додека трката в недела е со почеток во 17:10 ГМТ.
Сезоната 2020, која беше оневозможена поради вирусот, ќе заврши по 17. етапа во Абу Даби на 13 декември.
- Пласман на возачи во 2020 година:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија): 332 бода
2. Валтери Ботас (Финска): 201 бод
3. Макс Ферштапен (Холандија): 189 бода
4. Даниел Рикиардо (Австралија): 102 бода
5. Серхио Перез (Мексико): 100 бода
- Пласман на конструктори за 2020 година:
1. Мерцедес: 533 бода
2. Ред Бул Реисинг: 274 бода
3. Мекларен: 171 бод
4. Реисинг поинт: 154 бода
5. Рено: 144 бода