Doga Kirmizioglu
22 Октомври 2017•Ажурирај: 23 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе започне со пол позиција на 17. трка оваа сезона на Светскиот шампионат во Формула 1, Гран При на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Трката за полпозициите на трката која ќе се одржи на патеката во Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас, заврши. Должината на патеката изнесува 5.513 метри. Победник ќе биде оној пилот што со својот болид ќе успее најбрзо да извози 56 круга.
Хамилтон, кој во својата кариера трипати успеа да стане светски шампион, постигна време од 1:33.108 минути, при што ќе започне на старната позиција во трката. Триесет и двегодишниот Хамилтон оваа сезона освои 11, додека во својата кариера 72 пол позиции.
Германскиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел, постигна време од 1.33.347 минути, а по него следи финскиот пилот на Мерцедес, Валтери Ботас, со време од 1.33.568 минути.
Листата на првите десет пилоти кои ќе се натпреваруваат утре за Гран При на САД е следна:
1. Луис Хамилтон (Mercedes) 1.33.108
2. Себастијан Фетел (Ferrari) 1.33.347
3. Валтери Ботас (Mercedes) 1.33.568
4. Даниел Рикардо (Red Bull-TAG Heuer) 1.33.577
5. Кими Раиконен (Ferrari) 1.33.577
6. Макс Ферштапен (Red Bull-TAG Heuer) 1.33.658
7. Естебан Окон (Force India) 1.34.647
8. Карлос Саинз (Toro Rosso) 1.34.852
9. Ферандо Алонсо (McLaren) 1.35.007
10. Серхио Перез (Force India) 1.35.148