Dejan Maksimoviç
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
МОНТМЕЛО (AA) - Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата на денешните квалификации за утрешната трка за Големата награда во Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамилтон со болидот на Meрцедес беше најбрз со време од 1:19,149 минути. Од првиот ред, но од друга позиција ќе тргне Себастијан Фетел од Ферари, кој зад победникот во квалификациите заостана за 0.051 секунди. Трет беше тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, а на четвртото место се најде Кими Раиконен.
За Хамилтон ова беше 64. по ред освоена пол-позиција во неговата кариера.
Во пресрет на трката за Големата награда на Шпанија води Ветел со 86 поени, Хамилтон е втор со 73, и Ботас трет со 63 поени.