Dejan Maksimoviç
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
НИОН (АА) - На фудбалскиот клуб Олимпик Лион му се заканува остра казна од Европската фудбалска федерација (УЕФА), по инцидентите во вториот натпревар на полуфиналето од Лигата на Европа против Ајакс, јавува Anadolu Agency (AA).
Од УЕФА велат дека против Лион е покрената дисциплинска постапка поради употреба на пиротехнички средства, внесување на предмети на терен, блокирање на скалите на трибините и влез на навивачите на тревникот за време на натпреварот против Ајакс.
Минатиот месец, Дисциплинската комисија на УЕФА на две години условно ги исфрли од европските натпреварувања Лион и Бешикташ поради голем број инциденти во текот на двата дуели на овие клубови. Покрај тоа, двата клуба треба да платат парична казна од 100.000 евра.
Повторувањето на некои од инцидентите може да значи уште потешка казна за Лион и за Бешикташ, а навивачите на францускиот претставник не чекаа премногу за да направат нови проблеми. Дисциплинската комисија ќе се состане на 20 јули за да расправа за случајот на Лион.
И Манчестер Јунајтед може да се соочи со одредена казна, се разбира, многу поблага од Лион, бидејќи против него ќе биде покрената дисциплинска постапка поради доцнење на почетокот на полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Селта.