Ekipa
12 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека планира да оформи женски тим во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Барселона велат дека Управниот одбор на клубот го одобрил планот за развој на женски фудбалски тим што ќе се натпреварува во Националната женска фудбалска лига (НВСЛ).
Во НВСЛ моментално играат десет екипи, а Барселона би можела да стане првиот европски тим што се приклучил во лигата.
Барселона веќе има женска екипа во Шпанија, која моментално се бори за титулата шампион.