Dejan Maksimoviç
04 Декември 2019•Ажурирај: 05 Декември 2019
ЛИВЕРПУЛ (AA) – Јурген Клоп, менаџерот на Ливерпул, во пресрет на јануарскиот преоден рок, изјави дека неговиот клуб секогаш е подготвен да донесе засилување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Изјавата на Клоп следуваше откако Џозеф Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити ја исклучи можноста на донесување нови играчи во текот на зимскиот период, и покрај фактот дека има слаб избор на позицијата бек.
„Не сум тука за да говорам за плановите на Манчестер Сити во преодниот рок. Прв пат случам дека нема да носи засилување. Дали сум изненаден? Не, но не е ниту важно. Не разговараме за тоа. Секогаш сме спремни и ако можеме да направиме нешто што ќе ни помогне, ќе се обидеме тоа и да го направиме. Ако не, тогаш нема", рече Клоп за британските медиуми.
Повеќето менаџери избегнуваат да тргуваат во јануари поради превисоките износи кои се одредуваат за трансфери. Меѓутоа, Клоп не е сигурен дека реално постои разлика помеѓу зимскиот и летниот преоден рок. Не е задоволен од фактот што летниот преоден рок се завршува порано отколку во останатите лиги во Европа.
„Мислам дека летниот преоден рок навистина е тежок поради различни термини кога во европските лиги се завршува. Тоа е навистина тешко. Ќе видиме како тоа ќе оди во иднина, но летниот преоден рок само им штети на англиските клубови. Не им помага. Тоа не е во ред", заклучи Клоп.
Ливерпул игра одлично оваа сезона.По 14 кола прв е на табелата на Премиер лигата со 40 бодови, дури со осум повеќе од второпласираниот Лестер. Во Лигата на шампионите е близу пласманот во нокаут фазата, во Лига купот на Англија влезе во 1/4 финалето, а недоамна го дозна и ривалот во третото коло од ФА Купоот,а тоа ќе биде градскиот ривал Евертон.