спорт

Манчини: „Нашите противници на ЕВРО 2020 би можеле да се покажат опасни“

Репрезентацијата на Италија ќе игра во групата „А“ со Турција, Велс и Швајцарија

02.12.2019 - Обновена : 03.12.2019
Манчини: „Нашите противници на ЕВРО 2020 би можеле да се покажат опасни“

РИМ (АА) - Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, изјави дека е оптимист пред Европското првенство (ЕВРО) 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Сепак предупреди дека нивната група не е толку лесна како што некои мислат.

Со ждрепка, репрезентацијата на Италија ќе игра во групата „А“ со Турција, Велс и Швајцарија.

„Нашите противници би можеле да се покажат опасни, бидејќи сите тројца немаат што да изгубат. Но секако дека можеме да бидеме оптимисти“, изјави Манчини за радиостаницата „Анкио“ (Anch’io).

Посебно ја истакна селекцијата на Швајцарија, која како што изјави, добро го познава италијанскиот стил на игра.

„Имаат добри и млади играчи. Швајцарија секогаш е непријатен противник. Добро го познаваат италијанскиот фудбал. Велс би можел да биде изненадување, а Турција им зеде четири поени на Французите во квалификациите“, изјави италијанскиот селектор.

Тој нагласи дека во репрезентацијата на Италија очекува многу и од младите играчи кои, како што изјави, досега покажале голем талент.

„Се надеваме дека ќе продолжиме добро како и досега, посебно во нападот“, изјави Манчини, напоменувајќи дека навивачите треба сепак да знаат дека не е секогаш лесно да се победи во секој натпревар.

„Досега имавме многу позитивна атмосфера во екипата. Постигнавме многу голови, како и Белгија, и мислам дека можеме да размислуваме позитивно“, заклучи Манчини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.