Hüseyin Burak Demirer
21 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Франсиско „Пако“ Алкасер Гарсија, шпанскиот фудбалер кој игра за Борусија Дортмунд, со постигнување погодок на секои 39 минути, стана најпродуктивниот стрелец оваа сезона во пет големи лиги во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Алкасер (25) кој игра на позицијата центарфор, беше во помладата селекција на Валенсија, а откако што не се истакна значително во дресот на Барселона, во која премина во 2016 година, шанса побара во Германија.
Првин за два милиони евра беше на позајмница оваа сезона во Борусија Дортмунд, а потоа потпиша четиригодишен договор и за 23 милиони евра од летото 2019 ќе игра за Борусија Дортмунд.

Алкасер во 11 лигашки натпревари постигна 12 голови, доволно да се најде на врвот на табелата на стрелци кои постигнале најмалку 10 голови во англиската Премиер Лига, шпанската Ла Лига, Италијанската Серија А, германската Бундеслига и француската Лига 1.
Веднаш зад шпанецот се наоѓааат Килијан Мбапе и Лука Новиќ
Мпапе кој игра за лидерот на Лига 1, Париз Сен-Жермен (ПСЖ) противничката мрежа ја погодуваше во просек на секои 69,6 минути, а Јовиќ на листата на Стелци на Ајтрахт Франкфурт (Бундеслига) се запишуваше на секои 76,3 минути.
Мбаје Диањкој во дресот на Касимпаша постигна 18 голови и е еден од најдобрите стрелци во турската Супер лига, земајќи ги в предвид бројот на головите и продуктивноста, зад себе ги остави Лионел Меси (14 голови), Единсон Кавани (10) и Нејмар (11).
Диањкој доби повик да настапи за репрезентацијата на Сенегал, а оваа сезона, погодок постигнуваше на секои 80 минути.
На Меси (Барселона) во просек му требаа 81,5 минути, Кавани (ПСЖ) 83,2, и неговиот соиграч Нејмар 94,4 минути.
Во топ 10 најпродуктивни стрелци не се Луис Суарез (11) кој игра за Барселона, Роберт Левандовски (10), за Баерн, Кристијано Роналдо (11) за Јувентус, најдобар стрелец на Сериа А Кристоф Пиатек (12) за Џенова, Пјер-Емерик Абамејанг (10) за Арсенал и Мухамед Салах (10) за Ливерпул.
Пиатек во противничката мрежа погодуваше во просек на секои 110,3 минути, Суарез 115,3, Левандовски 125, Роналдо 130,7, а Салах 140 минути.
| Фудбалер | Клуб | Лига | Минутажа (Време поминато на терен) | Голови | Просек на минути по гол |
| 1. | Пако“ Алкасер | Борусија Дортмунд
| Бундеслига | 468 | 12 | 39 |
2. | Килијан Мбапе | ПСЖ | Лига 1 | 836 | 12 | 69,6 |
3. | Лука Јовиќ | Ајнтрахт Франкфурт | Бундеслига
| 916 | 12 |
|
4. | Мбаје Диањкој | Касимпаша | Суперлига
| 1.440 | 18 | 80 |
5. | Лионел Меси | Барселона | Ла Лига | 1.141 | 14 | 81,5 |
6. | Edinson Cavani | ПСЖ | Лига 1 | 832 | 10 | 83,2 |
7. | Емилијано Сала | Нант | Лига 1 | 1.111 | 12 | 92,6 |
8. | Нејмар
| ПСЖ | Лига 1
| 1.039 | 11 | 94,4 |
9. | Кристиан Стуани | Жирона
| Лига 1
| 1.115 | 11 | 101,3 |
10. | Флориан Таувин | Олимпик Марсеј | Лига 1
|
1.140 | 11 | 103,6 |