Meltem Bulur
10 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
КЕФЛАВИК (АА) - При пристигнувањето во Исланд поради квалификацискиот натпревар за претстојното Европско првенство, фудбалерите и стручниот штаб на репрезентацијата на Турција наидоа на строга и долгочасовна пасошка контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција и Исланд утре ќе го одиграат натпреварот од квалификациската група Х, а турскиот тим доцна синоќа со посебен лет од Коња пристигна во Кефлавик.
Членовите на турската репрезентација поради детална пасошка контрола на аеродоромот беа задржани два часа, а детално е прегледан и багажот на сите фудбалери.
Најискусните во турската екипа, Емре Белезоглу и Бурак Јилмаз, негодуваа поради мерките на кои беа подложени.
„Ова е безобразие. Стоев таму три часа. Сите торби ги отворија и ги пребаруваа повеќепати. Летавме 6,5 часа, а сега чекаме три часа“, рече Јилмаз.
„Не би сакал да говорам ништо, тие нека го објаснат сето ова. Навистина е штета, од слетувањето нѐ подложуваат на непотребни контроли“, рече Белезоглу.
Додека Белезоглу даваше изјава, навивач на Исланд му пријде и му пружи четка за ВЦ-шолја, по што полицијата го приведе.