Can Erözden
01 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
АНКАРА
Трките во Формула 1 ќе продолжат овој викенд во Соединетите Американски Држави (САД), а возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, в недела ја таргетира својата шеста светска шамионска титула, пишува Anadolu Agency (AA).
Мерцедес ја освои титулата за конструктори за 2019 година во јапонското Гран-при во октомври, а британскиот возач Хамилтон е близу да ја освои титулата за оваа сезона во САД.

Хамилтон во генералниот пласман е на врвот со 363 поени.
Неговиот сотимец, Финецот Валтери Ботас, моментално се наоѓа на второто место со 289 поени.
Шарл Леклер, 22-годишниот возач на Ферари од Монако, има 236 поени и го осигура третото место во генералниот пласман.
Деветнаесеттата трка оваа сезона ќе се одржи во „Траса на Америка“ во Тексас, каде што ќе се возат 56 круга.
Сезоната 2019 ќе заврши во Обединетите Арапски Емирати со 21. трка.
- Генерален пласман на возачите за 2019 година
1 Луис Хамилтон (Велика Британија): 363 поени
2. Валтери Ботас (Финска): 289 поени
3. Шарл Леклер (Монако): 236 поени
4. Себастијан Фетел (Германија): 230 поени
5. Макс Ферштапен (Холандија): 220 поени
- Генералниот пласман на конструктори 2019
1. Мерцедес: 652 поени
2 Ферари: 466 поени
3. Ред Бул: 341 поен
4. Мекларен: 111 поени
5. Рено: 73 поени