04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
ЛОНДОН (АА) - Новак Ѓоковиќ повеќе не е првиот тенисер во светот, а лидерската позиција во пресрет на последниот турнир од годината му ја препушти на Шпанцеот Рафаел Надал, пишува Anadolu Agency (AA).
Ѓоковиќ на првото место беше една година и шест дена, но Шпанецот успеа да се врати на тронот со пласманот во полуфиналето на Мастерс во Париз.
Надал полуфиналниот меч го предаде поради повреда на абдоменалниот мускул, а Ѓоковиќ го освои турнирот и така и понатаму остана во борбата за првото место на АТП листата на завршниот Мастерс во Лондон.
Надал моментално има 9.585 бода, Ѓоковиќ 8.945, а третопласираниот, Швајцарецот Роџер Федерер 6.190 бода.
Ако Надал на Мастерс во Лондон, кој почнува на 10 ноември, се избори за финалето со сите победи во групата, ќе го задржи првото место.