Murat Keleş
20 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
МАЈОРКА (АА) - Светски познатиот шпански тенисер Рафаел Надал во својот роден град на Мајрока отвори тениска академија, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањето на академијата за тенис, наречена „Академијата Рафа Надал“, присуствуваше и поранешниот светски првак во тенис, Роже Федерер.
Триесетгодишниот Надал истакна дека Мајорка е посебен град за него и дека уште долго ќе игра тенис. Оваа академија била дел од неговите планови за во иднина.
Во академијата ќе тренираат деца на возраст од 12 до 18 години, а неговиот тренер и чичко Тони Надал ќе биде главниот тренер.