Övünç Kutlu
11 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Победник во финалето на последниот гренд слем тениски турнир „US Open“ во поединечна машка конкуренција, стана Шпанецот Рафаел Надал, јавува Anadolu Agency (AA).
Во финалето на тенискиот турнир во поединечна машка конкуренција, кое се одржа во Њујорк, се сретнаа првиот носител Надал и дваесет и осмиот носител од Јужноафриканската Република, Кевин Андерсон.
Надал со резултат 3-0 (по сетови 6-3, 6-3, 6-4) го совлада Андерсон и по трет пат стана нов победник на „US Open“.
Меѓудругото, Надал со освојување на France Open во јуни, тој ја освои втората победа оваа година, додека 16 победа во неговата кариера во гренд слем тениски турнир.
Рафаел Надал со освојувањето на оваа победа доби парична награда од 3,7 милиони долари, и му честита на Андерсон, кој покрај повредите успеа да стигне до финалето.
Надал истакна дека во последнте години и тој се бори со повредите, и додаде дека оваа победа на „US Open“, му дава посебна мотивација.
Исто така, Надал упати благодарност до неговиот чичко, Тони Надал, кој го тренира од тригодишна возраст. „Колку ѝ да му се заблагодарувам не е доволно. Тој навистина е многу моќна личност, и поседува голема мотивација“, нагласи Надал.
Тој изрази сочуство за лицата кои ги загубија своите животи во ураганите Харви и Ирма во САД, како и во земјотресот со јачина од 8,1 степен кој го погоди Мексико. „Време е да бидеме силни“, додаде Надал.