Şenhan Bolelli
16 Декември 2022•Ажурирај: 17 Декември 2022
МАДРИД (АА) - Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потпиша договор со семејството Ескарер, сопственик на ланецот хотели „Мелиа“, со што стана инвеститор во хотелскиот бизнис, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Мадрид се одржа церемонија на која беше претставен новиот синџир хотели „Зел“, кој го лансира 36-годишниот Надал. Шпанскиот тенисер потпиша договор со Габриел Ескареро, сопственик на „Мелиа интернешнал хотелс груп“ (Melia International Hotels Group).
Ескарер и Надал долго време работат на овој проект, а првиот хотел ќе биде отворен летото 2023 година на Мајорка, каде што е роден и живее шпанскиот тенисер.
Во следните четири до пет години се планира отворање на 20 хотели „Зел“ во голем број градови, меѓу кои Мадрид, Париз и Лондон.
Надал изјави дека е многу возбуден поради новиот проект.