Admir Fazlagic
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Следната година во Париз ќе се одржи Конгрес на ФИФА за избор на претседател на Светската фудбалска асоцијација. Фудбалската федерација на Македонија својата поддршка ќе ја даде за актуелниот претседател Џани Инфантино, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Цврсто веруваме во стратегијата и мисијата и искрено го поддржуваме Џани Инфантино за претседател на ФИФА, а ФФМ ќе продолжи да го дава својот придонес во насока на реализација на идеите и идните проекти кои секогаш се насочени кон развој на фудбалот. Во изминатиот период Џани Инфантино докажа дека е исклучителен лидер, спроведувајќи низа новитети и реформи во Светската фудбалска асоцијација“, стои во дописот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Се додава дека ФФМ верува оти актуелниот претседател заедно со својот тим е способен да се соочи со следните предизвици и уште повеќе да го зацврсти интегритетот на ФИФА.
Конгресот на ФИФА за избор на претседател ќе се одржи во Париз на 5 јуни 2019 година.