Ekip
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
JOKOHAMA (AA) – Судскиот видео асистент (VAR) кој ја минува тестната фаза на ФИФА во светското клубско првенство во Јапонија, наиде на критики на фудбалерите. Сепак, Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), застана во одбрана на системот, јавува Anadolu Agency (AA).
Системот на судскиот видео асистент му дозволува на арбитарот на натпреварот во спорни ситуации да ја запре играта и да ја прегледа снимката.
Резултатите се многу позитивни. Секако дека учиме. Постојат неколку теми кои мораме да ги анализираме и за нив да разговараме, но резултатите се исклучително позитивни. Зошто? Поради тоа што судијата беше во можност да донесе точна и праведна одлука и на тој начин транспарентноста е воведена во игра", рече Инфантино.
Во финалето на ФИФА светското клубско првенство, во недела, во Јокохама, од почеток во 11.30 часот според средноевропско време, ќе играат Реал Мадрид и Кашима.
Во двете полуфинални средби судскиот видео асистент е користен во неколку наврати кај спорни ситуации, што предизвика негодување поради конфузијата кај одредени играчи, кои тоа јавно го кажаа.