Hakan Burak Altunöz
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
ТРАБЗОН (AA) - Во северниот турски град Трабзон утре свечено ќе биде отворен новиот стадион на турскиот прволигаш Трабзонспор, а се работи за најмодерниот фудбалски комплекс кој е направен на на попоплнетата површината на Црното море, јавува Anadolu Agency (AA).
Спортскиот комплекс Акјази, во рамките на кој се наоѓа и новиот стадиот на турскиот прволигаш Трабзонспор, го направи кабинетот на Владата за изградба на стамбени објекти (TOKI).
Дека се работи за единствен комплекс покажува и фактот што стадионот е направен на пополнетиот дел на Црното море и дека е најмодерен фудбалски комплекс во Турција.
По пополнување на едниот дел од морето, во Трабзон на 24 октомври 2013 година, поставен е камен темелник за изградба на овој комплекс и утре, по нешто повеќе од три години ќе биде свечано отворен, со присуство на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.
Во рамките на спортскиот комплекс се наоѓаат 92 илјади метри квадратни зелена површина, 2.200 стебла. Иако стандардот на УЕФА за осветклување е 2.000 лукси, осветлувањето на новиот стадион на Трабзонспор ќе биде 3.000 лукса.
Исто така, во рамките на комплексот ќе се ноаѓаат бројни едукативни центри и помошни терени.
Кога е во прашање покривот на стадионот, за негова изградба користени се дури 6.500 тони челик. Се работи за таканаречен паметен кров (SmratRoof), прв од тој тип во Турција и петиот во свет, кој сам се чисти и има мехаизам за прочистување на воздухот.
Кровот на стадионот покрива 22.000 метри квадратни трибини, а има капацитет за прочистување на загаден воздух кој во просек загадува околу 2.500 моторни возила.
Капацитетот на стадионот е 41.461, во рамките на што се наоѓа и 2.954 ВИП седишта, 196 протоколарни, 282 за претставниците на медиумите и 80 за лица со инвалидитет.
Стадионот на Трабзонспор има семафор од 80 метри квадратни со резолуција од 7,5 мегапиксели, што е исто така новитет меѓу стадионите во Турција.