Alma Çekovic
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ЈОКОХАМА (АА) - Во финалето на Светското клупско првенство одиграно во Јапонија, Реал Мадрид, по продолженијата го победи јапонскиот клуб Кашима со резултат од 4: 2, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кралскиот клуб ја освои петтата титула светски клупски шампион, по победата против Кашима Антлерс, првиот азиски клуб кој успеа да се пласира во финалето на натпреварот.
Во финалето што се одигра во Јокохама, јапонските играчи за малку ќе ги изненадија мадриѓанците, во втората полувреме дури и водеа, но Кристијано Роналдо постигна хет-трик, и по продолженијата, на својот клуб му ја донесе титулата шампион на Светското клупско првенство.
Тимот на Зинедин Зидан го презеде водството уште во седмата минута со голот на Бензема. Во финишот на полувремето, Шбасаки изедначи на 1: 1, за во 54 минута да ја доведе Кашима во водство од 2:1.
Сепак, Кристијано Роналдо од пенал во 60 минута изедначи на 2:2, и со тој резултат заврши редовниот дел од натпреварот. Во продолженијата Португалецот постигна два гола во 98. и 104. минута, со што ја потврди победата на Реал Мадрид и титулата на светски клупски шампион во фудбал.
На клубот од Мадрид ова му е втора титула на светски клупски шампион по 2014 година, а има и три титули од Интерконтиненталниот куп, како што претходно се нарекуваше овој натпревар.