19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
ЦИРИХ (АА) - Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) парично ги казни фудбалските сојузи на Англија, Шкотска, Велс и на Северна Ирска, чии репрезентативци во ноември на дресот носеа цветови од афион, во спомен на загинатите војници за време на Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден месец откако беше започната постапката против фудбалскиот сојуз на Велика Британија, ФИФА парично ги казни фудбалските сојузи на Англија, Шкотска, Велс и на Северна Ирска.
Англискиот сојуз ќе мора да плати казна во износ од 42.000 евра поради „истакнување политички симбол“ на натпреварот против Шкотска, на 11 ноември, во рамките на квалификациите за Светското првентство. Шкотска по истата постапка е казнета со 18.600 евра.
Фудбалските сојузи на Велс и на Северна Ирска, чии репрезентативци носеа цветови од афион на натпреварите на 12 ноември, казнети се со 18.600, односно 14.000 евра.
Од ФИФА истакнаа дека не ги доведуваат во прашање „одредените комеморации“ бидејќи во потполност ја почитуваат важноста на одбележувањето на такви настани, но наведоа дека мораат да почитуваат забраните за истакнување политички и верски симболи.