Hakan Ceyhan Aydoğan
28 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека е пронајдена втората црна кутија од авион Ту-154 кој се урна во неделата во Црното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството се вели дека нуркачите ја пронашле втората црна кутија од авионот во кој се превезуваа 92 лица. Кутијата за најкраток рок ќе биде испратена во Москва за анализа.
Досега се пронајдени 17 тела на загинатите во авионската несреќа. Од 17 пронајдени тела, 13 се испратени во Москва. Од неделата до денес, од водата беше извлечена основната црна кутија и околу 1.500 делови од авионот.
Освен 64-те музичари, во авионската несреќа загинаа деветмина новинари, осуммина војници, еден претставник на невладините организации, двајца претставници на Министерството за одбрана на Русија и осуммина членови на екипажот.
Во неделата, на пат кон Сирија, авионот Ту-154 падна во Црното Море, неколку минути по полетувањето од Сочи.