Bojana Stojanovic
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
БЕЛГРАД (AA) - Србија нема да ја менува својата политика кон Русија, а ќе продолжи и да ја води политиката на воена неутралност, како и независноста, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
По седницата на Советот за национална безбедност на на Србија, која е свикана поради снимката која се појави во јавноста, а на која се гледа како руски разунавач дава пари на функционер на Србија, Вучиќ рече дека станува збор за руски потполковник Георгиј Клебан и пензионираниот потполковник на Војската на Србија З.К., и дека снимката од 24. декември 2018 година не ја направила српската агенција, но со неа е запознаена.
Претседателот на Србија рече дека е утврдено дека Клебан три пати врачил пари на припадниците на Вјската на Србија, како и дека тој веќе не е на територијата на Србија.
Вучиќ изрази сигурност дека претседателот на Русија, Владимир Путин, не бил известен за ова дејство, потсетувајќи дека Србија има пријателски односи со таа земја. Истовремено, рече и дека денес амбасадорот на Русија во Србија, Александар Боцан Харченк на состанокот го прашал: „Зошто?".
Според него, Србија е соочена веќе долга низа години со исклучително офанзивно делување на различни разузнавачки служби на територијата на земјата- делување на служби од најразвиените земји од светот и делување на служби од регионалните земји чие делување е насочено против интересите на Србија.
„Постои голем приисок врз Србија од различни страни како да се определува и каква политика да води. Сѐ што се случи само само нѐ зацврсти да ги зајакнеме позициите на самостојноста, независноста и таквиот поглед во иднината. Србија е земја на слободарски народ, никако не сме и нема да се согласиме да бидеме некој кој ќе дозволи други да управуваат со нас", рече Вучиќ.
Тој најави и дека во наредните два месеци очекува во парламентот да се појави „сеопфатен општ правно-политички акт кој би бил полна потврда на воената неутралност на Србија", и дека секоја година се повеќе ќе вложува во „српската армија, полиција, разузнавачкиот и контраразузнавачкиот сектор".
Вучиќ исто така најави и дека во наредниот период ќе има „повеќе акции против припадници на различни разузнавачки агенции чие делување против Србија е докажано".
„Во наредните неколку денови резултатите на острите акции ќе бидат воочливи за секој граѓанин на Србија, иако одредени земји, посебно од регионот, негативно ќе реагираат", рече Вучиќ.
Коментирајќи го соопштението ка полицијата на Косово во кое е објавена фотографија на двајца осомничени во случајот убиство на Оливер Ивановиќ, Вучиќ рече дека станува збор за студентите Иван Димитријевиќ и Милош Радосављевиќ од Косовска Митровица кои веќе ги испрашале српските државни органи, а кои пред органите ги донеле нивните родители.
„Ова ви говори со колку несериозност на сето тоа му се пристапува и како целата таа приказна изгледа. Затоа Србија на многу сериозен начин му пристапува на едно од клучните прашања како што е убиството на Ивановиќ", изјави Вучиќ.