Балкан

Турците во Црна Гора купија над 1.500 станови

- Во Црна Гора 2016 година странците купиле недвижен имот во вредност од 133 милиони евра, а оваа бројка се приближила до 200 милиони евра минатата година. Само откупната сума на Турците во последните 3,5 години го достигна врвот со 50 милиони евра

Uğur Aslanhan  | 22.11.2019 - Обновена : 23.11.2019
Турците во Црна Гора купија над 1.500 станови

ИСТАНБУЛ

Турските инвестиции во станбени објекти во Црна Гора значително се зголемија во последните години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според Агенцијата за недвижнини „Ера“, интересот на странците во Црна Гора секоја година се зголемува откако во преговорите со Европската Унија отворија 32 од 33 поглавја и ја претворија валутата во евро.

Во земјата, во 2016 година странците купиле недвижен имот во вредност од 133 милиони евра, а оваа бројка се приближила до 200 милиони евра минатата година. Само откупната сума на Турците во последните 3,5 години го достигна врвот со 50 милиони евра.

Во 2018 година во споредба со 2016 година, бројот на станови купени од Турците се зголеми за 40 пати. Бројот на станови купени во последните 3,5 години ја надмина бројката од 1.500. Турците се искачија на второто место во купување на недвижен имот по Русија.

Овој пораст привлече внимание кај агенциите за недвижности во Турција. Агенцијата за недвижнини „Ера“ и другите агенции започнаа со посебни студии на црногорскиот пазар со недвижности. Исто така, во Црна Гора започнаа да организираат специјални активности за потрошувачите.

Според податоците на Црногорскиот завод за статистика (Monstat), во 2018 година Црна Гора ја посетиле 2,2 милиони туристи, од кои 50.000 биле Турци.

Санем Озтурк, претседателката на Агенцијата „The Pros & Most Invest“, истакна дека побарувачката во Црна Гора не ги активираше само инвеститорите во недвижнини, туку и фирмите од градежништвотo. Во Црна Гора проектите на Турците ја достигнаа бројката 20 на годишно ниво.

Озтурк, истакнувајќи дека се реализирани проектите Мост „Будва Бечиќи“, Мост „Тиват Богишиќи“, Мост „Свети Стефан“, Мост „Тиват Радовиќи“ и Мост „Будва резиденс“, истакна: „Зголемувањето на побарувачката од Турците ја зголеми и мотивацијата на турските инвеститори како што сме ние. Почнавме да организираме активности за да ги промовираме брендираните станбени проекти. Една од тие активности ја организиравме во Истанбул пред кратко време. Интересот на Турците за Црна Гора, која не бара визи, се зголемува секоја година. Во 2019 година се очекува 70.000 граѓани на Турција да ја посетат Црна Гора.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın