Hakan Ceyhan Aydoğan
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
МОСКВА (АА) – Товарен брод којшто патувал од Русија кон Турција, потона во Црното Море заедно со екипажот од 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за вонредни ситуации на Русија, бродот „Герој Арсенала“, кој тргнал од рускиот град Ростов кон Турција и носел жито, потонал во Црното Море, на околу 27 километри од Крим.
Се пренесува дека на бродот што потона во близина на теснецот Керч, се наоѓале 12 лица од екипажот, од кои 9 украински државјани, двајца Руси и еден Грузиец.
Во рамките на активностите за потрага и спасување, едно лице е спасено, четворица се пронајдени, а останатите седум лица се исчезнати.
Во соопштението на Федералната руска служба за морски и речен транспорт, се забележува оти бродот со панамско знаме припаѓа на една турска компанија.