Ekipa
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
РИЈАД (АА) - „Ако ја погледнеме бројката на загинатите невини лица во Јемен, тогаш лесно можеме да констатираме дека е потребно да се стави крај на војната“, истакна Џим Матис, министер за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Матис пристигна во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, неговата прва дестинација во рамките на посетата на Саудиска Арабија, Египет, Израел, Катар и на Џибути.
На прес-конференцијата одржана во Ријад, министерот Матис истакна дека Саудиска Арабија и понатаму е дел од безбедносниот „скелет“ за интересите на регионот, како и на САД.
Тој нагласи дека во рамките на продлабочувањето и развивањето на стратешките односи меѓу двете земји, ќе се одржат средби со функционерите на Саудиска Арабија.
Матис укажа на случувањата во Јемен и потсети дека војната е започната пред многу време.
Матис вели дека администрацијата на САД има стратегија за завршување на војната во Јемен која сѐ уште трае, да се постави ова прашање на преговарачката маса од страна на тим од Обединетите нации (ОН), како и за решавање на кризата на политички начин, и истакна: „Ако ја погледнеме бројката на загинатите невини лица во Јемен, тогаш лесно можеме да констатираме дека е потребно да се стави крај на војната“.
Во писменото соопштение на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), објавено минатата недела, беше наведено дека Матис ќе ги посети Саудиска Арабија, Египет, Израел, Катар и Џибути со цел да се обнови воената соработка на САД со стратешките партнери на Блискиот Исток и во Африка, како и со цел да се разговара околу соработката против акциите кои ја нарушуваат стабилноста и против радикалните терористички организации.