Betül Yürük
19 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
ХЈУСТОН (АА) - Најстариот поранешен претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џорџ Х. В. Буш беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Буш постариот, Џим Мекграт, изјави дека поранешниот шеф на државата не е во животна опасност, но дека неколку дена ќе биде хоспитализиран поради детален преглед.
И во јануари, 92-годишниот Буш беше хоспитализиран на неколку дена поради респираторни проблеми.
Републиканецот Џорџ Х. В. Буш се задржа на позицијата претседател на САД во периодот од 1989 до 1993 година, а исто така, тој е татко на поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш и на поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш.