Alma Çekovic
18 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот американски претседател Џорџ Х. В. Буш е хоспитализиран во болница во Хјустон, објавија американските медиуми повикувајќи се на шефот на неговата канцеларија, Жан Бекер.
Бекер истакна дека состојбата на поранешниот американски претседател е стабилна, но не ги откри точните причини поради кои е хоспитализиран.
Буш постариот е единствениот жив поранешен претседател на САД, кој поради здравствени проблеми нема да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп в петок.
Повеќе информации ќе бидат објавени во текот на денот.