Muhammed Bilal Kenasari
18 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, ја помилува Челзи Менинг, осудена на 35 години затвор за откривање доверливи документи од Стејт департментот на Викиликс, јавува Anadolu Agency (AA).
Да потсетиме, Менинг, порано позната како Бредли Менинг, во 2013 година е осудена на 35 години затвор за откривање на 700.000 чувствителни документи на САД на Викиликс.
По одлуката на Обама, Менинг на 17 мај ќе биде пуштена на слобода.
Инаку, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, претходно изјави дека ќе се согласи да биде екстрадиран во САД, доколку Обама ја помилува Челзи Менинг, осудена за шпионажа и за откривање документи за време на службата во американската војска, беше објавено на Твитер профилот на Викиликс.