Hakan Çopur
18 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест истакна дека администрацијата на Барак Обама останува на ставот оти Русија влијаела врз претседателските избори во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Ернест на последната прес-конференција во Белата куќа одговараше на прашањата на новинарите, во врска со Русија, актуелната ситуација во Сирија и за церемонијата на предавање на должноста на администрацијата на Обама.
Ернест тврди дека е многу очигледно влијанието на Русија врз претседателските избори во САД. „Новото раководство ќе треба да избере на која страна ќе застане“, рече тој.
Портпаролот потсети на извештаите на американските разузнавачки агенции на оваа тема, и изјави дека се надева оти администрацијата на Доналд Трамп ќе внимава на сопствената репутација, бидејќи американската јавност е чувствителна на таа тема.
- Развојот на настаните во Сирија и церемонијата за примопредавање на должноста -
Портпаролот Ернест потсети дека уште од почетокот, администрацијата на Обама се заземала за политичко решавање на ситуацијата во Сирија и борбата против терористичката организација ДЕАШ ја поставила на централно место, додавајќи дека Русија го загубила градот Палмира. Ернест смета дека борбата на Русија против ДЕАШ покажува недостатоци.
„Русија вели дека е фокусирана на ДЕАШ, но ситуацијата не е таква“, изјави порпаролот Ернест, критикувајќи го режимот на Асад и чекорите што Русија ги презема во Сирија.
Во продолжението на прес-конференцијата, Ернест рече дека успешно продолжуваат подготовките околу церемонијата на примопредавање на должноста, која ќе се одржи в петок, на 20 јануари, и се надева дека успешно ќе се стави точка на овој преоден период.
- Изненадување од Обама за Ернест -
Одеднаш, додека траеше прес-конференцијата, во салонот влезе претседателот Обама, приредувајќи им изненадување на новинарите и на портпаролот Ернест.
Обама изјави дека Ернест ќе влезе во историјата на Белата куќа како многу успешен портпарол, упатувајќи му ги пофалните зборови: „Создаден е за на телевизија“.
Утре, во Белата куќа Обама ќе ја одржи последната прес-конференција пред предавањето на претседателската фунција на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.