Sinan Uslu
18 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
АНКАРА (AA) - Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на претседателот Реџеп Таип Ердоган на референдумската победа за сетот уставни промени кој е одржан во недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат извори од Претседателството на Турција, Путин вечерва во телефонски разговор му честиташе на Ердоган на резултатите од референдумот.
Во текот на разговорите стана збор и за забрзување на напорите за нормализација на билатералните односи како и заеднички активности на воспоставување на мирот во Сирија.