Aldıjana Hadzıc
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ТРАБЗОН (AA) - Со свечена церемонија денес во Трабзон, градот на брегот на Црното море е отворен стадионот на турскиот прволигаш Трабзонспор, а се работи за најмодерен фудбалски комплекс кој е направен на пополнетата површина на Црното море, јавува Anadolu Agency (AA).
Спортскиот комплес Акјази во рамките на кој се наоѓа и новиот стадиот на турскиот прволигаш ма Трабзонспор го изгради владиниот Кабинет за изградба на стамбени објекти (ТОКИ).
По пополнувањето на еден дел од морето, во Трабзон на 24 октомври 2013 година е поставен камен темелник за изградба на овој комплекс, а на церемонијата на отворањето се обрати турскиот претседател Ердоган.
Ердоган потсети на состанокот со катарскиот емир Шеик ТемимХамад ал Тани и потписувањето на 15 договори.
„Поради интензивни терористички активности кои траат веќе 1,5 година, не можеме да почувствуваме вистинска радост. Една од целите на теророт врз нашата земја и народ е да се откаже од целите и да го зароби во своите празни реалности. Нема да паднеме во таа замка", порача турскиот претседател Ердоган.
Според неговите зборови, Турција ќе продолжи реализација на проекти и напредување кон предвидените цели.
Ердоган истакна дека борбата против тероризмот ќе биде продолжена.
„Поттикнувајте колку што сакате на теророт, овој народ нема да може да го поделите! Верувам дека колку што тие ќе трчаат кон теророт, мојот народ ќе трча кон единство. Ќе бидеме појаки и ќе продолжиме додека не остане ниту еден од нив", изјави Ердоган.
Во рамките на спортскиот комплекс се наоѓаат 92 илјади метри квадратни зелена површина, 2.200 стебла. Иако стандардот на УЕФА за осветлување на стадионите е 2.000 лукси, осветлување на новиот стадио на Трабзонспор ќе биде 3.000 лукси.
Исто така, во рамките на комплексот ќе се наоѓаат бројни центри за едукација и помошни терени.
Кога е во прашање кровот на стадионот, за неговата изградба користени се дури 6.500 тони челик. Се работи за таканаренен паметен кров (SmartRoof), прв од тој тип во Турција и пети во светот, кој сам се чисти и има механизам а прочистување на воздухот.
Кровот на стадинот покрива 22.000 метри квадратни трибини, а има капацитет за прочистување на загаден воздух кој во просек загадува околу 2.500 моторни возила.
Капацитетот на стадионот е 41.461 во рамките на кој се наоѓаат 2.954 ВИП седишта, 196 протоколарни, 282 седишта за претставниците на медиумите и 80 за лица со инвалидитет.
Стадионот на Трабзонспор има семафор од 80 метри квадратни со резолуција од 7,5 мегапиксели, што е исто така новитет меѓу стадионите во Турција.
Многубројни жители на Трабзонспор изразија голем интерес за отворањето на модердниот стадион. Тие на транспарентни изразија добредојде на претседателот Ердоган и катарскиот емир.
Освен тоа, отворени се транспаренти на кои пишуваше „Шехидите не умираат, татковината не се дели", што го покажа ставот на граѓаните кои станува збор за изминатите терористички напади во Истанбул и Кајсери во кои загинаа неколку десетици луѓе.