спорт

Енис Барди пристигна во Туркије да преговара за неговиот трансфер во Трабзонспор

27-годишниот играч од средниот ред во изјавата за новинарите го изрази своето задоволство што е во Трабзон и рече дека остануваат одредени процедури за негов трансфер во клубот

Hakan Burak Altunöz  | 11.08.2022 - Обновена : 12.08.2022
Енис Барди пристигна во Туркије да преговара за неговиот трансфер во Трабзонспор Фото: Hakan Burak Altunöz/АА

ТРАБЗОН (АА) - Македонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува за шпанскиот клуб Леванте, пристигна во турскиот град Трабзон за преговори за негов трансфер во фудбалскиот клуб Трабзонспор, јавува Агенција Анадолија (AA).

По пристигнувањето во аеродромот на градот во северозападниот дел на Туркије, 27-годишниот играч од средниот ред во изјавата за новинарите го изрази своето задоволство што е во овој град. Тој рече дека остануваат одредени процедури за негов трансфер во клубот.

„Потоа останува да се претставам пред моите соиграчи и мојот тренер. За мене е голема чест што сум дел од шампионски клуб. Ова е нешто што долго го чекав, да играм во Лигата на шампионите и да ја добијам оваа шанса. Тоа е голем извор на мотивација за мене“, рече Барди.

Енис Барди потоа во придружба на клупските челници влезе во клупските простории.

Репрезентативецот на Северна Македонија постигна 23 гола и 13 асистенции во 148 натпревари во шпанската лига со тимот на Леванте. За репрезентацијата на Северна Македонија има постигнато 9 гола на 44 натпревари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.