Hikmet Faruk Başer
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Од Истанбул се опремени 14 камиони во кои се наоѓаат животни намирници за населението во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Во акцијата за собирање на хуманитарна помош учествуваа граѓани и претставници на турските политички партии.
Хуманитарната помош ќе се транспортира до подрачјето на Џивеѓозу, на границата со Сирија.
На церемонијата при опремувањето на камионите, пред Партијата на правдата и развојот (АК партија), се обрати Салих Бајрактар, којшто исто така ги осуди терористичките напади во Истанбул и во Кајсери.
Тој потсети дека во нападите во Алепо се убивани цивили.
„Целиот свет молчи пред тоа. Единствената земја којашто зборува за тоа е Турција. Ние ќе бидеме силни сè додека им помагаме на загрозените. Ќе продолжиме да им помагаме на браќата во Алепо“, рече Бајрактар.
Во првата фаза, која започна во средата на 14 декември, хуманитарната помош од Истанбул и од другите градови во Турција ќе биде доставена до жителите на Алепо со 350 камиони. Организаторот на конвојот е турската хуманитарна организација ИХХ.