Mehmet Tosun
02 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција потврди дека се неутрализирани 32 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да влезат во јужниот дел на подрачјето на турската операција „Извор на мирот“ во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што е објавено на социјалната мрежа Твитер, командосите успешно интервенирале против терористичката организација чии припадници се обиделе да влезат во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, неутрализирајќи 32 припадника на ПКК/ЈПГ.
Операцијата „Извор на мирот“ започна на 9 октомври, со цел елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК на северот на Сирија и источно од реката Еуфрат, осигурување на безбедноста долж границите на Турција и овозможување на сигурно враќање на сириските бегалци и заштита на територијалниот интегритет на Сирија.
Оттогаш, Турција постигна договори и со САД и Русија кои требаше да ги принудат терористите на ЈПГ/ПКК да се повлечат од таа планирана зона расчистена од терористи долж турските граници.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.