Admir Fazlagic
22 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе подели премија од 500.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб за освоеното прво место во групата Д од Лигата на нации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Македонската репрезентација го освои првото место во групата Д од Лига на нации и се пласираше во плеј-оф фазата за пласман на Европското првенство. Македонија освои 15 бода во својата група во конкуренција на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.
Со освојувањето на првото место во групата 3 од Лигата Д, Македонија се пласираше во плеј-офот за учество на Европското првенство во 2020 година, со што во март месец 2020 година би можела да игра полуфинален натпревар против Косово во Скопје.
Исто така, Владата на Косово одвои 500 илјади евра за фудбалската репрезентација на оваа држава.
Барањето за ваквата поддршка беше поднесено до Владата на Косово од страна на министерот за култура, млади и спорт, Кујтим Гаши, а истото беше поддржано од косовската влада.
Косово, во рамките на Лигата на нациите заврши како лидер во својата група, во која се и Азербејџан, Фарските Острови и Малта.
Косово стана членка на ФИФА и УЕФА во 2016 година.