Yusuf Hatip
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
БРИСЕЛ (AA) - ЈУСУФ ХАТИП -
Со судска одлука на продажба е ставена зградата на седиштето на установата на терористичката организација ФЕТО во Белгија, јавува Anadolu Agency (AA).
Федерацијата на активни здруженија (FEDACTIO) е називот на кровната организација која во Белгија ги собира сите установи поврзани со терористичката организација ФЕТО.
Со одлука на белгискиот суд наредена е и лицитациска продажба на осумкатна зграда на оваа организација во Брисел.
Огласот за продажба објавен е на интернет страницата “nvn.be“.
Зградата се наоѓа во квартот Шарбек во којшто живее бројна турска популација, а веќе некое време зградата е надвор од употреба.
Во обласот се наведува дека аукциската продажба ќе се одржи на 20 декември во нотарска канцеларија во близина на зградата.
Терористичката организација ФЕТО од седумдесеттите години од минатиот век започна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции во Турција, за да во осумдесеттите години ги зајакне своите паралелни пирамиди во рамките на тие институции и на 15 јули во 2016 година се обиде да изврши воен удар со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
Во текот на обидот за воен удар во Турција убиени се 251, а ранети се околу 2.200 лица.
Турските надлежни институции покренаа опсежна борба против терористичката организација ФЕТО, на чие чело е Фетула Ѓулен.
Соочени со губиток на поддршка, финансиски проблеми и се помал интерес на ученици за нивните школи, челниците на ФЕТО се приморани на реорганизирање на својата терористичка мрежа во светот.
Таков е случајот и во Белгија каде под покровителство на организацијата „FEDACTIO" делуваат 60 здруженија. Според податоците од интернет страницата, на чело на таа организација е Исмаил Чинѓоз, поранешен претседател на здружението „Kimse Yok Mu" кое во Турција е забрането поради директни врски со терористичката организација ФЕТО.
Една од клучните членки е Здружението на турските стопанственици на Белгија (BETIAD) кое за организацијата собирало највисоки финансиски приходи.