Behlül Çetinkaya
23 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Според првичните сознанија, 25 лица го загубија животот, а 35 се повредени како резултат на експлодирањето на бомба поставена на вратата на една медреса (верско училиште) во Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Безбедносните сили во изјава за локалните медиуми истакнаа дека експлодирала бомба поставена на вратата на една медреса во местото Долно Оракзаи во градот Хангу, кој се наоѓа во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва.
Според првичните сознанија, смртно настрадале најмалку 25, а повредени се 35 лица, кои потоа биле пренесени во околните болници. Безбедносните сили поставија безбедносен кордон на местото на настанот.