Bilal Güler
30 Ноември 2022•Ажурирај: 01 Декември 2022
КАБУЛ (АА) - Според првичните сознанија, најмалку 10 ученици го загубија својот живот во силната експлозија што се случи во медреса за време на пладневната молитва во авганистанската покраина Саманган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдул Нафи Такор, портпарол на Министерството за внатрешни работи при привремената талибанска Влада, во изјава за медиумите истакна дека настанала експлозија за време на пладневната молитва во медресата „Џихадија“ која се наоѓа во местото Ајбек во Саманган.
Такор нагласи дека како резултат на експлозијата животот го загубиле најмалку 10 ученици, а голем број ученици се повредени.
Кон местото на настанот се упатени тимови на Брза помош. Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.