Övünç Kutlu
04 Мај 2017•Ажурирај: 05 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - 'Џинот' меѓу социјалните мрежи, компанијата „Фејсбук“, која во последно време на корисниците на оваа мрежа им ја нуди услугата програма во живо (Facebook Live), соопшти дека ќе вработи 3.000 лица со цел да го спречи прикажувањето на насилство преку оваа услуга, јавува Anadolu Agency (AA).
Главниот извршен директор (CEO) на „Фејсбук“ и негов основач, Марк Цукерберг, ги оцени како загрижувачки видеата и програмите во живо што во последните недели беа споделени преку оваа социјална мрежа, бидејќи луѓето можат да си наштетат себеси или да му наштетат на некој друг.
Цукерберг изјави дека со цел полесно и побргу да се дадат извештаи за ваквите видеа, планирано е во „Фејсбук“, каде што во моментов работат околу 4.500 лица, во текот на една година дополнително да бидат вработени уште 3.000 лица.
Цукерберг смета дека благодарение на новите вработувања, ќе биде забрзано поднесувањето на извештаи на споделени видеа на Фејсбук кои содржат говор на омраза и злоупотреба на деца, истакнувајќи дека „Фејсбук“ ќе соработува со локалното население и со извршната власт.
Пред околу две недели, лицето Стивен Стивенс од државата Кливленд во САД, покрај патот го запрел 74-годишниот Роберт Гадвин и го убил со пиштол. Целиот чин на убиството Стивенс го споделил во живо преку социјалната мрежа „Фејсбук“.