Bedrudin Brlyavac
20 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Британскиот физичар и космолог Стивен Хокинг смета дека човештвото може да опстане само со колонизирањето на другите планети, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за Би Би Си, Хокинг вели дека понатамошниот напредок во развојот на технологијата ќе го донесе човештвото на ризик од самоуништување откако ќе се развијат работите кои можат да добијат погрешна насока.
Истакнувајќи дека натамошниот технолошки развој не може да се запре, Хокинг вели дека треба да се има во предвид ризикот, со цел понатамошниот развој да се стави под контрола.
Ова не е прв пат британскиот физичар да предупредува во врска со ова. Тој претходно го покрена алармот дека вештачката интелигенција може да биде најлошото нешто што може да му се случи на човештвото.
"Благодарение на вештачката интелигенција, компјутерите во следните 100 години можат да станат помоќни од луѓето. Имаме голема обврска кога тоа ќе се случи да имаме ситуација во која целите на компјутерите и хуманоста да се исти", вели Хокинг, според кого наша предност ќе биде мудроста која ќе треба да ја искористиме во врска со технологијата која сè повеќе се развива.